Признанието Актер на Европа за 2015 за актерката Милена Зупанчиќ

0
155

Со врачување на престижното признание „Актер на Европа” за 2015 година на словенечката актерка Милена Зупанчиќ во Ресен започна 13-тиот интернационален театарски фестивал „Актерот на Европа”.

Наградата на овогодинешниот лауреат Зупанчиќ, и значи многу повеќе од фестивалските и оние кои ги добивала во нејзината средина каде што ја следат.
Соработувала со повеќе македонски актери меѓу кои Мето Јовановски, Ана Костовска, режисерот Унковси и други.
Присутните ги поздрави градоначалникот на Ресен Ѓоко Стрезоски, според кој, Фестивалот претставува вистински синоним за културно препознавање на Преспа низ сите светски меридијани.
Од оваа година се доделува и признанието „Клучевите на Преспа” кое беше доделено на францускиот научник Гзавиер Боне и академик Вера Битракова-Грозданова.
Претставите ги оценува трочлено жири во состав- претседател Благој Стефановски -претседател на театарската асоцијација НЕТА, режисерот Мартин Кочовски и актерката Весна Гаврил.
Словенечкиот амбасадор во Македонија Бранко Раковец, Зупанчиќ ја оцени како една од најдобрите словенечки театарски и филмски актерки со добар уметнички опус за кој има добиено многу награди.Освен него на манифестацијата присуствуваше и француската амбасадорка Лоренс Оер.
Помеѓу досегашните добитници на наградата Актерот на Европа се и Јоана Поповска, Звезда Ангеловска, Ѓорги Јолевски, Рубенс Муратовски.
На фестивалот, досега учествувале повеќе од 100 претстави од скоро сите европски земји, а се одржува во организација на Езеро без граници, Општина Ресен и Универзитетот за аудиовизуелни уметности, со поддршка на Министерствот за култура на Република Македонија.
Неда Маретиќ