Признанието Поета Лауреатус за академик Ристо Василевски

0
534

10 -тите јубилејни средби на медитеранот, во рамките на хераклејските поетски свечености,се одржаа во Битола.
Академик Ристо Василевски, поет, есеист, книжевен критичар, антологичар, преведувач и издавач, кој твори на македонски и на српски јазик, е добитник на меѓународното признание „Poeta laureatus” и на наградата „Златна лира” .
Наградите му беа врачени во рамките на манифестацијата .Василевски е автор на над 300 авторски дела, избори од творештвото на други автори и преводи, пред сè од македонски на српски јазик и обратно, и добитник на повеќе од четириесет домашни и меѓународни награди и признанија.

Неговите дела се преведувани на над 30 јазици, поезијата му е застапена во близу двесте антологии на македонската, српската, балканската и светската поезија. Автор и на десетина антологии на македонското поетско творештво. Годинава ги објави антологиите „Од живиот извор – Петнаесет македонски поети” и „Моќни струни” – Антологија на македонското поетско творештво од 9 до 21 век.

На манифестацијата беше презентиран -Литературен портрет на поетот, промоција на „Моќта на струната“ -антологија на македонската поезија од IX до XXI век -на српски јазик; а настапија и други поети од Р.Македонија.

Марија Димитровска Младеновска, во чест на минатогодишниот добитник на Златната лира, Ивон Санчез Бареа, ја презентираше поезијата на шпански јазик на првиот ден на оваа манифестација пред овогодинешниот лауреат акад.Ристо Василевски,проф.д-р Борис Англековски …и др.