„ПРОБЛЕМИ ВО КИНА“: Продолжува девалвацијата на јуанот

0
237

Кинескиот јуан ослабна денес втор ден последователно и падна на најниска вредност во последните четири години, откако централната банка одлучила да преземе мерки кои се протолкувани како поддршка на кинеските извозници.

Денес во Кина за еден долар се добиваат 6,44 јуани, што е најслабиот курс на кинеската валута од август 2011 година . Средниот курс кој го одредила централната банка е 6,3306 .

Во меѓународната трговија еден долар во моментов вреди 6,57 јуани.

Централната банка на Кина се обиде да го смири финансискиот пазар и соопштила дека ова е еднократна девалвација на националната валута, односно дека не се работи за почеток на константна депресијација.

И покрај тоа, трговците на една европска централна банка во Шангај велат дека неочекуваната девалвација предизвикала „одредена паника“ на пазарите.

Јуанот изгубил 3,5 одсто од вредноста во Кина во последните два дена, а околу 4,8 одсто на глобалните пазари. Тоа влијаело и на падот на вредноста на валутата на Индонезија, Малезија и Нов Зеланд.

Вчерашната одлука за девалвацијата на јуанот следеше после објавувањето на извештајот за слабите перформанси на кинеската економија. Слабиот јуан ќе им помогне на кинеските извозници, бидејќи нивната стока станува поефтина на меѓународните пазари.