Проблемите во Австралија ќе се решаваат само по Уставот на МПЦ

0
320

-Овој пат мислам дека Светиот Синод беше толку директен и прецизен. Откако сите можности им ги даде на тие луѓе кои цело време атакуваа најмногу против мене, како архиереј, па оттаму јас се согласив и дадов предлог во 2012 година да се создадат услови за нова епархија, со тоа што оние кои се надвор од македонската црква, со расчинети свештеници и самоекскомуницирани верници, како и дел од црковните општини кои ги поддржуваат, да се види, ако е во мене грешката и вината, тогаш под управата на Светиот Синод тие ќе се покажат вистински верници. Сега станаа уште понепослушни откако беа под моја јурисдикција. И конечно Светиот Синод гледајќи после 3 години дека крајно и неодговорно се однесуваат дури и кон записниците, поттикнати од нив за договорената платформа, дека и нив ги отфрлаат, тогаш Синодот конечно одлучи дека не може повеќе надвор од црковните закони да се решаваат проблемите во Австралија. И затоа донесе такви конкретни одлуки дека се понатаму ќе се решава согласно светите канони, Уставот на МПЦ и прописите, се што произлегува од нив и ништо поинаку, изјави Владиката Петар.