Продажна изложба на торти и цвеќе за помош на Гого

0
622

Во Битола овој период се организираа повеќе настани за помош на Горазд Николоски Гого. Меѓу нив и традиционалната тортијада која се одржа во хотел Епинал а во организација на винковата конференција во Битола. Под мотото Моќта на хуманоста за сите да бидеме се, се организираше овогодинешното издание на тортијадата.

-Тортијадата е шанса за секој од нас да го отвори своето срце со својот индивидуален добротворен придонес го запали светлото во срцата на оние на кои им се пружа помош-истакна Томичиќ.

Она по што е препознатлива оваа манифестација е што средствата од купените изложени производи секоја година одат во добротворни цели.

На манифестацијата беше организирана продажна иозложба на торти, цвеќе, колачи а средствата оваа година одат за лекување на Гого.

Без коментари

LEAVE A REPLY