Продиџи го запалија Охрид

0
521

 

Британската енергетска музичка сензација, Продиџи, беше јаготката на шлагот на фестивалот на отворено „Охрид колинг“ во организација на „Авалон продукција“.

Бендот во рамките на промотивната турнеја на последниот албум „The Day Is My Enemy“, претстави дел од новите песни, но не ги остави фановите без хитовите со кои е препознатлив.

Илјадници грла ги пееја добро познатите хитови„Omen“, „Firestarter“, „No good“, „Smack my bitch up“ и други.

Во нивниот настап успеаја да ги претстават своите најпознати хитови со кои се поистоветуваат неколку генерации, но и да ги промовираат новите нумери од својот последен албум.
Стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид беше повторно сведок на едно светско музичко случување.
За загревање пред настапот на култниот бенд беа задолжени Д.Лајт (D.Lite) и Дарко Степиќ, а неколку минути по полноќ сцената му припадна на „Продиџи“.

Eден од највозбудливите и најатрактивни лајв-бендови во светската музичка индустрија на сите времиња , Продиџи, на Охрид колинг го привлекоа вниманието на многубројни посетители од Македонија и од регионот, но и туристи од другите земји, кои специјално за настапот на Продиџи го посетија Охрид.

Продиџи дојдоа во Македонија во зенитот на својата кариера, кога тие се огромен скоро стадионски бенд.

Во Охрид за нив беше ангажирана светска продукција, односно истата што го озвучуваше и осветлуваше настапот на Дејвид Гета во Скопје.

Продиџи имаат продадено над 25 милиони албуми, а нивните спектакуларни концерти се препознатливи по нивната неверојатна еуфорија. Тие се пробија на музичката сцена со сингловите од вториот и третиот албум „Music for the Jilted Generation“ и „Fat od the Land“, од кои излегоа мегахитовите „Vodoo People“, „No Good (Start the Dance)“, „Firestarter“, „Breathe“, „Smack my bitch up“, „One Love“, „Poison“.

Бендот неколку дена пред настапот најави дека ќе донира финансиски средства за семејствата што беа зафатени од невремето во околината на Скопје.

По настапот во Охрид, бендот се упатува на концерт во Италија.