„Продиџи“ и Ал ди Меола на мега-фестивал во Охрид

0
1839

Британската група ,,Продиџи”, која важи за еден од најдобрите бендови во светската музичка индустрија и најнаградуваниот гитарист на сите времиња, Ал Ди Меола за прв пат пред македонската публика ќе одржат концерти на отворените летни сцени во Охрид.

На 13-ти август Ал Ди Меола ќе настапи на Античкиот театар,а ,,Продиџи “, наредниот ден на стадионот Билјанини извори.

“Охрид ги има сите услови да покаже во светски рамки дека заслужува еден ваков голем фестивал.На Балканот го имаме Егзит фестивал кој што направи чудо во светски рамки, а ја нема оваа убавина,го нема овој простор. Одат луѓе во Нови Сад а нема ни езеро ни море, сепак тоа е доказ дека концертниот туризам во светот зема се поголем замав“ изјави Денис Илијоски-Авалон продукција.
Во рамките на „Ohrid calling“ на 1-ви август на Билјанини извори ќе настапат познатите ди-џеи Лос Фрикфенсис и Ники Ромеро. Интересот за концерите е огромен.Билет повеќе се бара во Србија, Грција, Бугарија, Косово, Албанија,а за концертот на ,,Продиџи”,се најавува голема тура од Англија.