Продолжен куќниот притвор на Талески за нови 30 дена

0
1459

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје постапувајќи по предлог на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ) за продолжување на мерката за обезбедување присуство против В.Т., осомничен дека го сторил кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 ст.5 в.в со ст.1 в.в со чл. 22 и сл.45 од КЗ, го уважи предлогот и ја продолжи мерката куќен притвор за нови 30 дена.

Надзорот над мерката куќен притвор ја спроведува МВР на РМ, СВР Битола, а доколку осомничениот не се придржува кон мерката куќен притвор против истиот ќе се определи мерка притвор.