Продолжен притворот за тројца демонстранти

0
396
На тројца демонстранти приведени по протестите во Скопје што се случија првата недела по донесувањето на одлуката на претседателот на  Македонија Ѓорге Иванов за аболиција на повеќе политичари и нивни соработници, им е продолжен куќниот притвор за нови 30 дена.
Како што потврдуваат од Кривичниот суд, против тројца демонстранти, од кои двајца беа изведени пред судија на претходна постапка на 15 април, а еден на 19 април, Обвинителството поднело обвинителен предлог и предлог за продолжување на куќниот притвор.
Од Судот не наведуваат кога демонстрантите ќе седнат на обвинителна клупа.

Без коментари

LEAVE A REPLY