Продолжен викенд, на граничните премини зголемен интензитет на сообраќај

0
480

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Богородица и Дојран времето на чекање за излез од македонија е околу 30 минути, а на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините, информират од АМСМ.