Продолжение на судењето за Диво насеље

0
476

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судскиот процес за случајот „Диво Насеље“, во кој 29 лица се обвинети за тероризам.

Обвинителството повика околу 40 заштитени сведоци, а се очекува дека голем број сведоци ќе има и одбраната.

Судскиот процес започна на 9 февруари во Основниот суд Скопје 1. Обвиненитето товари 29 лица дел од таканаречената Кумановска група за тероризам и терористича организација за настаните поврзани со случувањата од 9 и 10 мај во Дива Населба во Куманово.

Кривичниот суд во декември лани одржа јавна седница за оценка на обвинителниот акт на која обвинителството и одбраната ги изнесоа своите аргументи во однос на обвинението.

Јавниот обвинител од Обвинителството за организиран криминал, презентирајќи го обвинението наведе дека по нападот на караулата Гошинце од 21 април 2015 година полицијата започнала обемна истрага и претреси кои се однесувале на лицата за кои постоело основано сомнение дека учествувале во нападот.