Продолжија преговорите за регулација на медиумите

0
354

По еден ден пауза, партиите се вратија на преговарачка маса. Посредникот Питер Ванхауте вчера свика итен состанок на работната група за медиумите, откако завчера преку поединечни контаки се обидел да ги надмине несогласувањата. По обвинувањата од владејуачката партија, вперени во посредникот, дека предлага закони кои ги нема во Европа и ја влошува преговарачката атмосфера, од ВМРО-ДПМНЕ  се вратија на преговори, со ново барање- новинарските здруженија и другите заинтересирани да достават свои предлози за медиумите.

За СДСМ предлогот на владејачката партија е добар, но е задоцнет и е во насока на одолговлекување на преговорите.

Преговорите за медиумите беа прекинати откако ВМРО-ДПМНЕ ја напушти средбата на која требаше да се дискутира за предложената платформа на меѓународната заедница.

За нив како што рекоа не се прифатливи предлози кои ги нема во законите во европските држави, а премиерот Груевски  директно го обвини посредникот Ванхауте дека не бил платен за да ја влошува атмосферата на преговорите.