Продолжува акцијата за релокација на бегалците од Идомени

0
356

Грчките власти продолжуваат втор ден со акцијата за релокација на бегалците од Идомени. Изутринава веќе заминаа два нови автобуси со околу 100 бегалци, а дополнителни чекаат во камот за во текот на денот да пренесат нови групи кон бегалските центри во Солун.

Вчера од кампот во бегалските центри беа пренесени над 2000 бегалци. Денес се продолжува со релоцирање на бегалците кои се околу железничката пруга, со цел до крајот на неделата или следната и останатите 6000 бегалци да бидат преселени во бегалските центри и кампот на македонско-грчката граница да биде целосно расчистен.

Акцијата се одвива мирно, без проблеми и инциденти, но под силно полициско обезбедување. Од медиумите се присутни само новинари од грчката државна телевизија и новинска агенција.