Продолжува комисиската расправа за Извештајот на СЈО

0
193

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска треба да ја продолжи расправата за Извештајот за активностите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за вториот шестмесечен период од постоењето на ова Обвинителство, во периодот од 15 март до 15 септември годинава.

Комисиската расправа за Извештајот на СЈО почна во средата минатата недела.

Во петокот расправата беше прекината поради приватни обврски на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Според координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески, одолговлекувањето на расправата за Извештајот на Јанева е со цел никогаш да не стигне на дневен ред извештајот на државниот обвинител Марко Зврлевски кој исто така е на дневен ред на собраниската комисија.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски смета дека опозицијата влегува во операција „бегство“ со цел да се обиде да ја спаси Јанева од отчетност.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY