Продолжува комисиската расправа за Извештајот на СЈО

0
260

Во Комисијата за политички систем денеска треба да продложи надзорната расправа за Извештајот на Специјалното јавно обвинителство, втор од неговото основање.

Ова ќе биде петто продолжение, откако вчера расправата беше прекината, бидејќи специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ја напушти салата, констатирајќи дека врз неа се врши мобинг.

-Ова веќе е класичен мобинг, јас повеќе не си доаѓам, ќе се појавам само на пленарна седница, рече обвинителката Јанева.

Реакцијата на шефицата на СЈО следува откако пратеничката Владанка Авировиќ во маратонски говор од речиси два часа, постојано бараше Јанева да одговори за нејзината стручност, детали за финансиите и ангажирањето на експертите.