Продолжува напливот на бегалци во земјава

0
801
Драматична состојбата со бегалците на јужната граница. 7 до 8 илјади мигранти секојдневно влегуваат во земјава, а двојно повеќе чекаат на грчка страна.
Хуманитарните организации на терен алармираат дека секнува помошта. Се бараат донации во храна, облека, ќебиња и хигиенски пакети.
Во текот на вчерашниот ден МВР издало околу 1.000 поврди за времен престој, а досега азил побарале само 49 лица. Најголемиот дел од нив се од Сирија.
Според меѓународната организација за миграции само во последниве четири дена бројот на илегални мигранти во Грција е 175.000.