Продолжува опожарувањето возила во Битола

0
3050

Според информацијата на Министерството за внатрешни работи, опожарувањето се случи утрово околу 04,00 часот на ул. „Димче Лахчански“.  Опожарени се паркирани ПМВ „ Хјундаи“ сопственост на Н. Г. и ПМВ „ Мерцедес“  сопственост на А.Ф.  Полицијата соопштува дека презема мерки за расчистување на настанот.

slika 1

Некаде после пладне едно од возилата се уште беше таму, а другото го немаше. Возилата се опожарени на тротоарот наспроти основното училиште Климент Охридски во Нова Битола. Ова не е прв пат. Повеќе десетци автмобили во Битола во последните години изгора, а за јавноста останува отворено прашањето колку од нив биле намерно запалени. Други пак го поставуваат прашањето дали и зошто многу ретко можат да се забележат полицајци- позорникари низ улиците на градот, кои на некој начин би биле превенција или осуетување во намерата некој да стори прекршочно или кривично дело.

 

slika 3

slika 4

slika 5