Продолжува преместувањето на бегалците од Идомени

0
439

Бегалскиот камп во Идомени е речиси празен. Денес се релоцираат и последните бегалци од кампот. Неофицијално во Идомени има уште само 1000-1500 бегалци, кои до крајот на утрешниот ден најверојатно ќе бидат релоцирани во бегалските центри.

Во Идомени денес се проверува и пругата на грчката железница, Ако се е во ред се очекува уште од утре да се пушти и првиот товарен воз од Солун кон Македонија по пауза од 70 дена. Грчката железница пријави загуба од 2.5 милиони евра од блокадата на пругата, додека пак грчките транспортери и извозници имаат штета од над 6 милиони евра. Со цел да се спречат идни блокади, од железницата поставуваат ограда околу пругата кај Идомени.