Продолжува расправата за разрешување на Зврлевски

0
207

Собранието денеска напладне треба да одржи продолжение на шестата седница на која се расправа за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

Вчера пратениците расправаа цел ден.

Во текот на целиот ден, пратениците од опозицијата си реплицираа меѓу себе, но и продолжија да ја оспоруваат расправата за Зврлевски, тврдејќи дека разрешувања по распишување на избори се спротивни на изборниот законик.

Предлогот за разрешување на Зврлевски е поднесен од Владата поради, како што се наведува во образложението, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата.