Продолжува расправата за законот за јазиците

0
92

Во 12 часот Собранието на Република Македонија треба да ја продолжи расправата за предлог-законот за употреба на јазиците. За овој закон се расправаше и вчера, на седмото продолжение на 15-та седница, и тоа беше првото продолжение по паузата во работата на Собранието поради локалните избори.

Според пратениците од СДСМ и коалицијата и ДУИ, со законот со кој се овозможува официјална употреба на албанскиот јазик, станува збор за нормално демократско правило, додека според пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, станува збор за неуставно прогласување на двојазичност на нивото на целата земја.

И двете партии подготвуваат амандмани за законот, кој сега е во прво читање.