Продолжува серијата земјотреси кај Ресен

0
1488

Во 18:28 минути е регистриран нов земјотрес во близина на Ресен. Епицентарот на земјотресот бил на 4 киломенти северно од Ресен, со јачина во жариштето од 2,4 степени според Рихтер.

Од синоќа еден час по полноќ до сега се регистрирани повеќе земјотреси во охридско-преспанскиот регион.

Михаил Гаревски, првиот човек на Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија(ИЗИИС) вели дека не би требало да се очекува некој значаен земјотрес во охридското епицентрално подрачје по серијата земјотреси последниве неколку дена.

– Можни се земјотреси, но не би требало да случат некои позначајни, со поголема магнитуда. Охридскиот регион, делот околу Косел е активно сеизмичко подрачје. Лани таму имаше земјотреси и со поголеми магнитуди што укажува дека енергијата за некој поголем земјотрес е истрошена – вели Гаревски кој состојбата ја следи од странство.