Продолжува собраниската седница за разрешување на Зврлевски

0
373

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи седницата на која се расправа  за разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

Заменик-министерот за правда Оливер Ристовски на почетокот од расправата вчера образложи дека предлогот за разрешување е поради незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата.

Во своето обраќање пред пратениците Зврлевски рече дека во изминатите четири години работел одговорно и совесно, врз основа на законот, уставот и правилата во јавното обвинителство.

Без коментари