Продолжува состанокот на работната група за спроведување на договорот од Пржино

0
325

Денеска продолжува состанокот на работната група составена од претставници на четирите најголеми партии, на ЕУ и на ОБСЕ, која има цел да ги спроведе обврските преземени со договорот за излез од кризата. По вчерашната средба не се даваат детали за текот на разговорите.

На состанокот, ВМРО-ДПМНЕ беше претставувана од Никола Поповски и Никола Тодоров; СДСМ од Радмила Шеќеринска, Дамјан Манчевски и Цветанка Иванова; претставници на ДУИ беа Муса Џафери, Артан Груби и Фатмир Бесими, а од ДПА- Имер Алиу, Беким Фазлиу и Луан Треси. На средбата учествуваше и белгискиот експерт Питер Ванхојт.

Без коментари

LEAVE A REPLY