Продолжува судењето за „Диво насеље“

0
436

Денеска продолжува судењето за Диво насеље со сослушување сведоци. На претходното рочиште сведочеа петмина, од кои четворица полицајци кои биле нападнати во полициската станица Гошинце, пред настаните во Куманово, и еден очевидец од Диво насеље. Сведочењето се одвиваше без присуство на новинарите.

Полицајците за време на сослушувањето, изјавиле дека биле нападнати од две групи, кои ги претепале и им го одземале оружјето. Групата, како што рекоа полицајците, земала оружје од магацинот на полицискиот пункт. Им ги одзеле телефоните и униформата, а потоа ги ослободиле. Полицајците објасниле дека подоцна успеале да воспостават контакт со полициската станица и да го пријават случајот.

Без коментари

LEAVE A REPLY