Продолжува судењето за случајот „Диво Насеље“ – се очекуваат нови сведочења

0
391

Судскиот процес против 29 мината обвинети за настаните во кумановската населба Диво Насеље продололжува денеска. Првото рочиште на предметот кој предизвика многу внимание, но и контроверзи беше одржано на 8 фебруари, а второто на 11 фебруари, кога и за прв пат јавноста можеше да чуе сведочења на одбраната.

Обвинетите се товарат за тероризам и терористичко организирање, за случувањата од 9 мај минатата година кога беа убиени 8 припадници на полициските единици, а 37 беа повредени, додека во акцијата беа убиени и 10 припадници на вооружената група.

Без коментари

LEAVE A REPLY