Продолжуваат преговорите меѓу четирите партии

0
432

По кусата пауза што беше направена за да се забрзаат преговорите за специјалниот обвинител, на маса се уште отворени останаа прашањата за редефинирање на составот и надлежностите на ДИК, прочистувањето на избирачкиот список и гласањето на дијаспората.

Засега, според извори од партиите одредени доближувања има за составот на ДИК и тоа тројца да бидат од редовите на опозицијата, тројца од власта и уште три членови од редовите на експертите.
Извесен напредок е постигнат и за прочистувањето на избирачкиот список, се бара комбиниран модел помеѓу предлогот на СДСМ за активна регистрација на гласачите и предлогот за теренска проверка.
Но иако има напредок се уште е неизвесно решението. Партиите ќе мора да се договорат до крајот на овој месец за да се запази рокот од договорот во Пржино, 30 септември Државната изборна комисија да добие поголеми овластувања за да обезбеди фер и демократски избори. Ова ќе биде трет рок за исполнување на договореното од Пржино откако на први септември опозицијата се врати во Собранието и 15-ти септември за избор на специјалниот јавен обвинител.