Продолжуваат преговорите на работната група за медиумите

0
224
По неколкудневна пауза, од канцеларијата на медијаторот Питер Вахауте соопштуваат дека денеска во Клубот на пратенци ќе се одржи нова средба на работната група.
На средбата ќе се разговара за медиумските реформи врз основа на предлозите на меѓународната заедница предложени во декември, но неизвесно е дали денешниот состанок ќе донесе некакво поместување.
Во изминатите денови Ванхауте имаше билатерални среби со политичките партии во обид да се приближат спротиставените ставови.