Продолжуваат преговорите во Пржино

0
314

Претставници на четирите партии потписнички на договорот од Пржино денеска треба да одржат нова средба во обид да се договорат условите под кои ќе се оди на избори. Во 14 часот преговарачите на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА заедно со еврамбасадорот Орав и амбасадорот на САД Бејли ќе се обидат да го затворат прашањето за избирачкиот список по вчерашното поместување во позициите. Спорните гласачи од 40 000 кои што нема да се пријавата на јавниот повик, да имаат уште една шанса да го докажат своето постоење на јавниот увид, ако не го направат тоа да се бришат од избирачкиот список. Според извори во преговорите во однос на медиумите на маса е предлог за изборните правила за известување во медиумите да важат 100 дена пред избори, но и се разговара за тело кое би го мониторирало тоа известување или пак санкционирањето од страна на агенцијата за медиуми. Владата би била пржинската, а неофицијално се разговара за избори во ноември, чиј датум би бил потврден откако ДИК ќе го заврши чистењето на избирачкиот список, а медиумските реформи ќе бидат функционални. За партиите да повикаат уставниот суд да се произнесе за уставноста на СЈО начално има договор, иако партиите се уште не го направиле, јавува телевизијата 24 вести.