Продолжуваат преговорите за договореното на Пржино

0
224

Политичките партии денеска ги продолжуваат преговорите за имплементирање на договорот од Пржино и неговиот протокол со кој треба да се најде излез за политичката криза во земјава. Денеска и утре на преговарачката маса повторно се измените на Изборниот законик.

Очекувањата се дека во наредните два дена би требало да се постигне договор за дел од отворените прашања за Избирачкиот законик.

Работната група состанок ќе го одржи во Клубот на пратеници со почеток во 12 часот.

Во четврток претставниците на политичките партии ќе имаат состанок на кој повторно ќе се дискутира за правната рамка за специјалниот јавен обвинител. По ова прашање се дискутира за правата рамка со која ќе биде уредени сите прашања поврзани со обинителот.