Продолжуваат преговорите за изборната регулатива

0
199
Точно на пладне продолжи со работа работната група за изборната регулатива.
Според извори од преговарачките тимови, посредникот Питер Ванхауте инсистирал прашањето за мандатите на дијаспората да се затвори денеска, поради краткиот краен рок до 6-ти октомври за негово решавање.
Дотогаш треба да бидат договорени и составот и надлежностите на Државната изборна комисија, како и прочистувањето на избирачкиот список.
Според информациите, партиите и понатаму се на различни позиции по скоро сите прашања, па веројатно и овој корпус на прашања ќе бидат договорени во последен момент.

Без коментари

LEAVE A REPLY