Продолжуваат преговорите за изборната регулатива

0
115

Денеска продолжуваат преговорите на работната група за изборната регулатива по двонеделна пауза. Политичките партии треба да постигнат договор до 6 октомври за промената на изборниот модел, прочистувањето на избирачкиот список, надлежностите на Државната изборна комисија и гласањето на дијаспората.

На работната група освен партиите ќе присуствуваат и европскиот олеснувач Питер Ванхауте и експерти од ОБСЕ-ОДИХР.