Продолжуваат разговорите меѓу САД и Русија за Сирија

0
294

САД повторно ќе иницираат разговори со Русија околу избегнувањето инциденти во сирискиот воздушен простор, соопшти Пентагон, откако борците од Исламска држава напредуваа кон перферијата на градот Алепо.

Двете земји спроведуваат одвоени бомбардирања, а Русија соопшти дека во текот на 10 дена бомбардирање, убиени се стотици џихадистисти.
Портпаролот на Пентагон Петер Кук соопшти дека разговорите најеројатно ќе се одржат овој викенд.
Тој истакна дека разговорите меѓу двете земји ќе продолжат, откако Русија одговори на американските предлози со цел да се избегне руски авиони да не минуваат по рутата на дроновите и авионите на коалицијата, предводена од САД.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY