Продолжување на традицијата на јазичната форма-ново издание на Правописот на македонскиот јазик

0
596

Новото издание на Правописот на македонскиот јазик, денес беше промовирано во НУБ. Свети Климент Охридски, Битола, кој е проект на Институтот за македонски јазик-Крсте Мисирков од Скопје, а е целосно финансиран од Министерството за култура и поддржан од Министерството за образование и наука.

Новото издание е запис за македонскиот збор, кодекс за неговата практична примена како жива јазична форма, насока како пишаното да се изговори и изговореното да се напише.

Денешниот настан, има исклучително значење бидејќи со него се одбележува и 70-годишнината од издавањето на првиот Македонски правопис кој досега, имаше неколку дополнувања, во 1950, 1970 и 1998 година.

48 професори од Институтот за македонски јазик Крсте Петков Мисирков и од Филолошкиот факултет Блаже Конески , беа вклучени во изработката на правописот.

Со нови примери што ја отсликуваат современата состојба во македонскиот јазик, новиот правопис ја продолжува традицијата на стандардно јазичната форма поставена во далечната 1945-та година.

Без коментари

LEAVE A REPLY