Проектил паднал врз возило во Прилеп

0
664

Во полициската станица во Прилеп, прилепчанец пријавил дека на 17.08.2016 година околу 23.30 часот проектил му го оштетил кровот на неговиот автомобил.

Додека седел со неговата сопруга во дворот, слушнал 3-4 истрели од огнено оружје, а по кратко време забележал како еден проектил паднал на неговото патничко возило „Ауди А6“ кое било паркирано пред дворот на куќата, при што го оштетил кровот, а потоа проектилот се одбил од возилото и паднал во дворот во близина каде седеле- соопштија од МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.