Проектите на социјала едни завршени, други ќе завршат

0
520
SONY DSC

Министерството за труд и социјална политикаво Битола во моментот реализира повеќе проекти за подобрување на инфраструктутрата, социјалната заштита и вработувањето. Дел од птроектите се завршени а дел биле во завршна фаза

SONY DSC
SONY DSC

-За реализација на двата проекти, односно за Центарот за вработување и Центарот за социјални работи беа издвоени средства од донатори од Светска банка и од Европската унија во вредност од околу 21 милион денари, изјави Диме Спасов, заменик министер за труд и социјална политика

Министерството за труд и социјална политика во моментов во Битола врши реконструкција и опременување на Дневен центар за аутизам, а во градското шеталиште се гради и патека за слепи лица

-За дневниот центар за аутизам општината Битола обезбеди простор, додека пак министерството започна со реновирање и адаптација на просторот и истиот се очекува да биде во функција во наредната 2016 година, додаде Спасов

Реализацијата на проектите се остварува со поддршка на општина Битола

-Кон средината на 2016 година во просториите на урбаната заедница „Стив Наумов“ во населба Буковски ливади, ќе се отвори дневен центар за стари лица и 2017 година дневен центар за лица со посебни потреби и со инвалидитет, изјави д-р Владимир Талески, градоначалник на Битола

SONY DSC
SONY DSC

Заменик министерот додаде дека овие проекти се од големо значење бидејќи ќе се подобрел квалитетот и условите за работа на вработените, но биле од големо значење и за приемот на граѓаните во овие објекти