Проектот-Граѓански иновативни скулптури во Битола

0
561

Од 3-ти до 6-ти мај, во битолскиот Завод и музеј, се одржа симпозиум на тема Европски симпозиум за Партиципативно и Eкспериментално учење во културата преку употреба на дигитални медии во рамките на проектот Ѓраѓански иновативни скулптури“, од програмата Креативна Европа, поддржано од Европска Унија а во соработка со Гаус Институт.

На симпозиумот беа присутни експерти од повеќе универзитети и музеи од Шведска, Данска, Финска, Норвешка, Германија, Полска, Хрватска и Македонија, како и претставници на повеќе невладини организации, локалната самоуправа, универзитети и др.

Од страна на меѓународни и домашни уметници и архитекти беа презентирани повеќе од 30 креативни решенија и идеи во 3Д, за уредување на градот. Симпозиумот беше одлична можност за разменување на искуства и продолжување на соработката со меѓународните експерти во идни проекти.