Професор ги терал учениците да пресметаат колку бегалци мора да фрлат во море

0
577

Професор по физика во една од гимназиите на северот на Полска е пред отказ откако на учениците им дал задача да пресметаат колку сириски бегалци мора да фрлат во море од сплавот за да допловат до брегот на Грција, јавува полската телевизија ТВН24.

„Четири бегалци од Сирија се обидуваат да стигнат до Грција на сплав со димензии 1 на 2 метри на 20 сантиметри. Пресметај колку бегалците треба да се турнат од сплавот во морето за да се доплови до целта, ако секој има 60 килограми“, гласела задачата, која ги шокирала учениците, но и нивните родители, кои веднаш го пријавиле професорот кај директорот на гимназијата.

„Директорот истиот ден разговараше со професорот и го информираше дека први следен таков инцидент ќе значи автоматски отказ“, изјавила за полската телевизија ТВН24 заменик-директорката на таа гимназија.

Професорот се правдал дека само сакал да го привлече вниманието на учениците.

 „Пред тоа имаа задачи во кои требаше да го изградат сплавот, па некако логично оваа задача произлезе од нив. Тоа нема никаква врска со некаков мој расистички пристап. Немам ништо против бегалците, радо би видел луѓе од различно потекло во Полска, доколку тие сакаат да живеат тука“, изјавил професорот за полската телевизија.
www.mk.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY