Профункционира новиот канал кај свлечиштето кај Драгарино

0
1057

Од вчера почна да функционира каналот кој го бајпасираа РЕК Битола, Стрежево и уште неколку фирми. На каналот се работеше 6 дена.

Директорот на РЕК Битола, Јовко Крстевски изјави дека двете претпријатија заеднички го дефинирале решението за бајпасирање на оштетениот објект. Според пресметките, сегашното решение може да транспортира 7метри кубни во секунда што е доволно за потребите на РЕК Битола, за градот Битола и за земјоделството. JOVKO

Крстевски изјави и дека во изминатите 6 дена екипи на РЕК, ЈП Стрежево и други фирми максимално работеле и благодарение на беспрекорното функционирање предложеното решение веќе е ставено во функција.

Моментално по каналот се пуштаат 3 метри кубни во секунда, а плус на неколку часа се пропушта уште половина кубик и се следи состојбата, како реагира каналот на дополнителниот проток вода.

Според Марјан Ѓероски, директор на ЈП Стрежево, се очекува до недела да се испуштаат до 6 метри кубни во секунда а според состојбата на каналот да се достигне и до 7метри кубни во секунда. Бидејќи оваа количина на вода не може наеднаш да ја задоволи потребата од вода на сите земјоделци на опфатот за наводнување што го има ЈП Стрежево, јавното претпријатие во соработка со подрачната единица на Министерството за земјоделство шумаство и водостопанство во Битола и Агенција за поддршка на развојот на земјоделието ќе дефинира кон кои цевоводи и култури да се насочи количината вода. MARJAN

Од подрачната единица на министерството за земјоделие велат дека дождот кој падна пред неколку дена им бил од помош на земјоделците.

Раководителот на подрачната единица на МЗШВ, Илија Србиновски рече дека дождовите кои деновиве наврнаа и до 30 литри на метар квадратен помогнаа полесно да се преброди состојбата со наводнувањето на земјоделските култури. Според Србиновски, благодарение на природата односно наврнатите 20-30 литри дожд, не се очекуваат штети врз засадените земјоделски култури.ILIJA

Подрачната единица на МЗШВ е во постојан контакт со земјоделците и со ЈП Стрежево за да се утврди кои култури и површини треба да имаат предност во наводнувањето. Во договор со земјоделците најверојатно ќе се наводнува најпрво онаму каде што има насадено градинарски култури, а потоа ќе се продолжи кон средишниот дел на Пелагонија каде што има најголем интензитет на засадена пченка. DSC_0155

Инаку според директорот на РЕК Битола, кој беше и координатор на работите кои се извршуваа за бајпасирање на свлечиштето, овој канал е добро решение и може да функционира без проблеми.