Прогласена Асоцијација на албански општини во јужна Србија

0
234

Асоцијација на Албанските општини во Долината на Прешево прогласена е во саботата околу пладне во градот Прешево, јужна Србија.

Одлуката е донесена од страна на советниците во општините Прешево и Бујаовац  додека советниците од Медвеѓа  не присуствувале на оваа средба бидејќи тие утре имаат локално гласање, наведуваат албанските медиуми во јужна Србија.

На чинот на прогласувањето на оваа асоцијација присуствувале голем број на  жители Албанци од јужниот дел на Србија.

Оваа одлука е донесена во знак на одговор на давањето на право за формирање на  Асоцијација на српските општини во Косово, јавија истите извори. /крај/мн