Прогласена вонредна состојба по огнената стихија во Форт Мекмари

0
408

Властите во провинцијата Алберта во Канада прогласија вонредна состојба по големиот шумски пожар кој ги принуди сите 88,000 жители на Форт Мекмари да го напуштат градот.

Официјални лица изјавија дека пожарот кој брзо се шири може да  уништи голем дел од градот.

Пожарот што избувна во неделата, во срцето на регионот со нафтен песок уништи 1.600 објекти, вклучувајќи и ново училиште.

Евакуацијата беше најмасовна досега во Алберта. Нафтените компании кои работат во областа биле принудени да го намалат производството.

Неколку компанији ги затворија цевководите. Ова беше направено за да се помогне евакуацијата на дел од персоналот, се наведува во новинските извештаи.