Прогноза на Гугл за тоа кој ќе победи на Евровизија

0
733

Гугл ги објави своите прогнози за победниците на меѓународниот музички спектакл Евровизија, којшто почнва денеска во Киев, јави француски „Унион“.

Пребарувачот објави листа на изведувачите кои ќе се пласираат на првите три места, врз основа на онлајн пребарувањето од интернет корисниците. На прво место, според ова предвидување е песната „Requiem” на Алма од Франциja, со 266 поени. Со 257 поени, на второ место е победникот од „Сан Ремо“, Италијанецот Франческо Габани со неговата „Occidentali’s Karma”, а зад него е Бугаринот Кристиан Костов и песната „Beautiful Mess”, со 240 поени.

Француските медиуми пишуваат и дека Алма, освен тоа што пејачка, е и композиторка и текстописец.