Прогноза на времето за оваа работна недела

0
308

По релативното топло време во понеделник, во вторник се очекува мал пад на температурата. Во северниот дел од земјата овој „пад” ќе биде за околу три целзиусови степени во однос на понеделничката температура, додека во јужниот крај температурата ќе биде пониска за околу еден степен.

Така, во котлините од северниот крај во вторник очекуваме максинална температура околу 29°С, додека во јужниот крај околу 33°С. Пелагониската котлина очекува релативно пријатни 30°С.
Денот ќе биде претежно сончев, со мала облачност наутро.
Од среда до петок се очекува сончево време.
Во среда температурата ќе биде слична на онаа од вторник, со тоа што минимален пораст ќе има во котлините од северниот регион.
Четврток ќе донесе нов пораст на температурата, а тој тренд ќе продолжи и во петок. Максималната температура во четврток ќе достигне вредности од 33°С до 36°С долж повардарие и околу 32°С цо котлините од западниот крај.
Петок во однос на четврток ќе бите потопол за околу 2°С.
Вредноста на УВ индексот во втората половина од работна недела ќе биде многу високa, 9.
meteopro.mk