Прогноза за празниците

0
562

Во очекување на празничните денови, временската прогноза нема да ги израдува оние кои можеби долго ги чекаа овие 4 слободни дена за излегување и активности во природа, пишува Метеопро.

Врнежливото време ќе го започнеме уште во петок. Денот ќе биде претежно облачен, а врнежите повремени. Централниот регион, иако облачен, ќе има најмали изгледи за врнежи, додека во северниот и западниот регион врнежите ќе бидат позачестени, но без некој поголем интензитет.

Ветерот ќе биде слаб до умерен, претежно од јужен и југоисточен правец.

Температурата во севениот и западниот регион ќе има вредности помеѓу 16°С и 19°С, а на југоисток околу 22°С.

Сабота ќе помине во суво време со умерена облачност. Во однос на петок ќе биде потопло за околу 2°С. Засега не се очекуваат врнежи во вечерта и ноќта кон недела.