Прогноза за претстојното лето

0
1623

Од Управа за хидрометеоролошки работи информираа за временските услови за летото кое ни претстои. Како што велат оттаму за сезонскиот осврт користен е опсежен материјал. Како појдовна основа анализирани се основните двигатели на климатскиот систем.
За во јуни се прогнозира постепен пораст на температурите,и повремено нестабилен месец.
Можно е да се очекуваат повисоки температурите па дури и надминување на просечните, додека врнежите ќе бележат тренд на намалување. Но сепак не би требало да очекуваме период со многу голема топлина. Загревањето на атмосферата би било постепено, па дури и да има температурни осцилации со понагласена топлина, истите најверојатно би биле со пократко времетраење над Балканот и кај нас.

Во јули се очекува потопол и релативно посув период со можни топлотни бранови. Оваа интензивна топлина може директно да се поврзе со посувите агрометеоролошки и хидролошки услови .


Во август се очекуваат топлотни бранови, врнежите просечни и повремено дестабилизирање на атмосферата ќе има доволно топли денови, во кои не се исклучува можноста за повремено дестабилизирање на атмосферата, и создавање на поволни услови за иницирање и развој на силни олујни облаци со пороен дожд, грмежи, силен ветер, град а локално да се манифестира во форма на нeвреме со уште поизразено деструктивно влијание.