Програмски конгрес на СДСМ

0
460

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во својот 40-минутен говор пред делегатите на Конгресот, највисокото тело на партијата ја објасни изборната програма со која социјалдемократите ќе настапат на изборите закажани за 24 април идната година.

Тој на 19-от конгрес, на кој од 726 делегати според Комисиајта за верификација на полномоштвата присуствуваа 653 делегати или 90 отсто од вкупниот број, нагласи дека избори ќе има бидејќи опозицијата ги побарала, но дека тие ќе се одржат единствено кога ќе бидат исполнети сите предуслови за кристално чиста политичка пресметка.

„На такви избори заедно со граѓаните ќе победиме. Знаеме сите дека слободната воља на граѓаните значи крај за Никола Груевски и криминалните структури во врвот на власта“, нагласи Заев .