Пролетта дојде во Тера

0
772

Ученици од ОУ Александар Турунџев од Кукуречани беа гости во Актуел на Тера. Со декорации и песнички беа своевидни предвесници на пролетта.

Таа пак почна вчера, еден ден порано.

Ова е прв пат од 1896 година дека сезонaтa нa будењето на природата доаѓа толку рано.

Пролетта обично започнува на 21 март, а тоа е ден кога ноќта и денот траат еднакво. Оваа година е  малку поинаку зошто е престапна година. Земјата се врти околу Сонцето во 365.2422 дена. За да се надомести таа разлика од 0,2422 дена, се додава еден ден на секои четири години.

Додавање еден ден (29-ти февруари) на секои четири години доведе до големи проблеми во 1582 година, но за жал го промаши сезонскиот период за десетина дена. Астроном Paul Cox изјавил дека ова е најраната пролет во последните 120 години.