Промена на азбесните цевки во Ресен

0
1011

Општина Ресен почна со реконструкција на градскиот водовод. Проектот е со вредност од 600 илјади евра а ќе се реализира во две фази. Со првата фаза од проектот во должина од 8 километри ќе бидат заменети досегашните азбесни цевки со нови ПВЦ профили.

– Изминатиот период имавме проблеми не само со квалитетот на водата за пиење туку и честите дефекти кои што ги имаа граѓаните, како и големите губитоци на вода беа доста сериозен проблем, и поради тоа се решивме да ги заминиме целосно азбесните цевки со нови ПВЦ профили, изјави д-р Ѓоко Стрезовсјки градоначалник на општина Ресен

Општина Ресен во моментов прави напори и за обезбедување на средства кои ќе овозможат приклучок на секундарната водоводна мрежа со што како што рече градоначалникот во голема мера би им се олеснило на граќаните да се приклучат на примарната водоводна мрежа.На прашањето како планира општината да го реши проблемот со слабиот проток на вода за жителите од селата кои гравитираат околу преспанското езеро градоначалникот со одговор

– Зафатот за реконструкција на градскиот водовод ги опфаќа Ресен и ЈАнковец, а селата кои гравитираат околу Преспанското Езеро имаат индивидуални водоводни мрежи и онаму каде се појавува недостиг на вода во летниот период, проблемот го решаваме со ЈКП Пролетер, рече Стрезовски

Проектот за целосна промена на азбесните цефки во општина Ресен се очекува да биде завршен за година и пол.

 

 

 

 

Без коментари

LEAVE A REPLY