Промена на режимот на сообраќај за Велигден

0
2288

За време на Велигденските празници, ќе се спроведе времен режим на сообраќај во  Битола и Прилеп во периодот од 15.04-17.04.2017 година, и тоа:

  • на 15/16.04.2017 година (сабота) во времето од 19:00 до 01:00 часот ќе бидат затворени за сообраќај улиците Кирил и Методиј, Јорго Османо, Славко Лумбарковски и 11-ти Октомври во Битола.
  • На 16.04 (недела) и на 17.04.2017 година (понеделник) во времето од 07:00 до 12:00 часот ќе има изменет режим на сообраќај околу црквата Св. Недела и градските гробишта во Битола, со физичко регулирање на сообраќајот.

Во Прилеп на 15/16.04.2017 година во времето од 22:00 до 01:00 часот за сообраќај ќе бидат затворени улиците:

  • Околу црква Св.Благовештение ул.Александар Македонски на делот со раскрсницата на ул. Мирче Ацев и раскрсница со ул. Борка Талески, ил.Кеј 9-ти Септември во делот со раскрсницата со ул.Борка Талески и ул.Мирче Ацев;
  • Околу црква Св.Кирил и Методиј ул. Архиепископ Доситеј на делот од кружен тек со ул.Марксова и раскрсница со ул.Кузман Јосифоски;
  • Околу црква Св. Петка ул. Војводинска на делот од раскрсница со ул.Самоилова и раскрсница со ул.Ладо Лапецот.

Секторот за внатрешни работи Битола  апелира за почитување на сообраќајните правила и прописи за безбедно одвивање на собраќајот.