Променливо облачно и дождливо

0
314

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне и околу пладне во западните делови нестабилно со пороен дожд и грмежи, а попладне нестабилно ќе биде во југоисточните делови.

Дневните максимални температури ќе бидат во Скопје 30 Целзиусови степени, Крива Паланка 27, Маврово 19, Охрид 23, Битола 27, Кавадарци 32, Берово 25, Дојран 31…

Позначителна нестабилност повторно се очекува утре попладне кон сабота. За време на викендот ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително намалување на дневната температура, прогнозира УХМР Македонија.