Променливо облачно и нестабилно

0
1232

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на места со поројни врнежи од дожд и грмежи, особено претпладне во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен југозападен ветер, особено во западните делови каде на моменти ќе достигнува брзина околу 70 километри на час. Температурата ќе се движи од 21 до 34 степени.